Македонија

Цако ќе дипломира на Педагошки: Херојот со Даунов синдром пред нов успех

Го прогласија за херој на годината, по неверојатниот успех кој го постигна со останатите танчери од танцовото студио „Dancers United MK“. По освоеното прво место во Киелце, Полска, македонската јавност не престана да зборува за Александар Матовски – Цако и неговите пријатели.

Цако покрај танцувањето е творец на поезија, има своја радио емисија во која е водител и секако борец за човековите права. На крајот на минатата година тој ја раскажа неговата приказна, а утре ќе запише уште еден успех во низата.

Имено, тој утре ќе го брани својот дипломски труд на Педагошкиот факултет. На фан страната на Фејсбук, јавно ги покани сите заинтересирани да присуствуваат на овој за него важен настан, за заедно со нив да го прослави овој среќен момент.

„Утре, на 27.09.2019 година, во 12 часот, на Педагошкиот факултет во Скопје, Цако ќе ја брани својата дипломска работа. Одбраната е јавна и кој е во можност да присуствува нека повели“ – објавија на фан страната на Цако на Фејсбук.

Прочитајте и...  Учителка снимила момче со Даунов синдром како му брише солзи на соученикот со аутизам (ВИДЕО)

Утре, на 27.09.2019 година, во 12 часот, на Педагошкиот факултет во Скопје, Цако ќе ја брани својата дипломска работа. Одбраната е јавна и кој е во можност да присуствува, нека повели.

Gepostet von Jас сум Цако – I am Cako am Donnerstag, 26. September 2019
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top