in

Чај од шипка го намалува холестеролот и притисокот

Чајот од шипка е вистинско богатство од витамин Ц и ликопен, моќен антиоксиданс кој успешно го намалува високиот холестерол. За оние со хипертензија, овој чај е вистинскиот избор бидејќи ефикасно го намалува крвниот притисок.

Вкусниот и освежувачки чај од шипка е благопријатен за општото здравје на целиот организам. Претставува вистинско богатство од витамин Ц и ликопен, моќен антиоксиданс кој успешно го намалува високиот холестерол. 

За оние со хипертензија, овој чај е вистинскиот избор бидејќи ефикасно го намалува крвниот притисок. За да се доведе до нормални вредности, потребно е секој ден да се испијат по три шолји чај.

Ги ублажува воспалителните процеси, па се препорачува и како додаток во лекувањето на остеоартритис. Намалува болки и вкочанетост, со што ја олеснува подвижноста, додека поедини експерти тврдат и дека помага во обновување на ’рскавицата.

Отстранува различни тегоби во стомакот, како што се грчеви, дијареа, опстипација и други дигестивни проблеми. Ја подобрува работата на црниот дроб и жолчната ќеса, а се препорачува и за детоксикација на црниот дроб.

Пред да започнете со користење на народните лекови, консултирајте се со вашиот матичен лекар!

Прочитајте и...  Трик кој за само две минути го намалува високиот крвен притисок – не се потребни лекови

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote