Дом и Градина

Чист дом без хемикалии: 3 природни препарати против мувла

За секој од овие препарати постојат „за” и „против” причини, но во битката против мувлата секој од нас треба да се запраша која цена е подготвен да ја плати…

Ако сакате да го исчистите домот со тоа што нема да употребувате разни хемиски препарати, тогаш подгответе некои од овие 3 природни средства, кои ќе бидат ваши сојузници во борба за чист и здрав дом.

1. Препаратот ќе го направите на тој начин што ќе растворите 2 кафени лажички масло од чајно дрво во 400ml вода во шише со распрскувач. Протресете го шишето, а потоа испрскајте ги местата зафатени од мувла. Можете да ги третирате деловите од таванот, завесите во бањата или делови од тепихот кои се зафатени од мувла.


2. 
Вториот добар сојузник во борбата против мувлата е екстракт од семки од грејпфрут. Tоа е безмирисна супстанца,која е одлична замена доколку ви пречи мирисот од првиот препарат. Рецептот е сличен: 20 капки од екстрактот промешани со 400ml вода.

Прочитајте и...  11 тона ѓубре исчистени од Монт Еверест


3. 
Третиот препарат е обичниот јаболков оцет. Стручњаците тврдат дека чистиот оцет убива околу 80% од мувлата, а вие можете да го растворите со вода и по желба да додадете неколку капки од омиленото етерично масло, за да се заштитите од непријатниот мирис. 


Најпопуларно


To Top