Кујна

Чоколадна посна торта

Потребни состојки:

Фил:

800 мл вода
300  гр шеќер
100 гр какао
150 гр чоколада за готвење
200 гр гриз
1 коцка маргарин
100 гр шеќер во прав

Начин на приготвување на филот:

Водата, шеќерот, какаото и чоколадото заедно се варат и во нив се додава гризот. Убаво се меша додека се згусне. Се трга на страна, се додаваат две лажици од маргаринот и се меша додека се стопи маргаринот. Преостанатиот маргарин се мати со 100 гр шеќер во прав и се додава во оладениот фил.

Пандишпан:

1 мал филџан масло
2 филџани вода
120 гр шеќер
2 лажици од филот
200 гр брашно
½ лажица сода бикарбона

Начин на приготвување на пандишпанот:

Маслото, водата, шеќерот и две лажици од филот убаво се матат, а потоа се додаваат брашното и содата бикарбона. Се пече на 180◦С, 15-20 минути. Откако ќе се испече се остава да се излади и се филува. На филот се става глазура од две растопени чоколади за готвење.

Прочитајте и...  5 лековити зачини кои мора да ги имате во кујната

Најпопуларно


To Top