Кујна

Чоколадни мафини кои се топат во уста – рецепт за најсочните мафини што некогаш сте ги пробале

Потребни состојки:

250 г брашно
1 кесичка прашок за пециво
две лажици какао
85 г бел шеќер
85 г кафеав шеќер
200 г црна чоколада
250 мл млеко
90 мл масло
1 јајце
1 лажица рум

Начин на подготовка:

Исечкајте ја чоколадата на покрупни парчиња.

Во длабок сад измешајте ги сувите состојки, а во друг сад изматете ги течните состојки.

Добиената смеса во садот со течни состојки турете ја во садот со суви состојки и нежно промешајте додека нема грутки.

Се полнат хартиени корпички во калап за мафини и се печат 15-20 минути во претходно загреана рерна на 200°C.

За подобар вкус не го заменувајте кафеавиот шеќер со бел. При полнење на корпичките можете во средината на додадете и вишни (ние топло Ви го препорачуваме ова), или пак по печењето мафините да ги посипате со парчиња чоколадо за уште побогат вкус.

Од оваа смеса излегуваат околу 18 мафини.

Прочитајте и...  ВОЛШЕБНО: Фестивал на песочни скулптури во Остенде

Најпопуларно


To Top