Случувања

Човечкиот ,,Кен” се оперира за да стане ,,Барби” (ФОТО)

Бразилецот  Родриго Алвес (36), кој стана познат како човечкиот Кен, продолжува со пластичните операции.

Неговата нова цел е да личи на куклата Барби затоа што, како што вели, неговиот ум секогаш бил женски. Последната во серијата операции на лицето е за да се направи помало.

На својот Инстаграм профил, тој сподели фотографии на кои се гледа како изгледа по операцијата.

“Не можам да зборувам многу добро во моментов затоа што го отстранив адамовото јаболко, па имам болки во грлото. Очите ми се модри и отечени. Не можам да видам ништо. Не можам да го видам моето ново лице. Ако сакам да видам ништо, морам да го подигнам телефонот за да прочитам нешто”. рече Родриго.

“Се надевам дека не сум во право. Моето лице ќе се смени, ќе биде помало. Ќе го имам дијамантското лице што отсекогаш сум го сакал”, додаде тој.

Досега тој потрошил околу 30 илјади евра за да се трансформира во жена. Сепак, го чека уште една голема операција – тој сака да го смени и полот.

Прочитајте и...  Сите хумани луѓе од Македонија и надвор од неа.. ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ на големата хумана акција за Јана!

„Ако не престане да се облекува како жена, тој веќе не постои за мене“, вели таткото на Родриго, кој е сопственик на трговски ланец во Бразил.

Најпопуларно

To Top