Случувања

Човек ја погребал жена му жива мислејќи дека е мртва

Ако можете да си ги замислите вашите најлоши стравови, кои би биле тие? Дали би било давење на средина во океан со никој околу вас да ги слушне вашите врисоци? Дали би била смрт во затворен простор преполн со змии, пајаци и шкорпии додека вие сте парализирани од страв? Дали би било да ве закопаат живи? Според нашето мислење, да ве закопаат жив е апсолутно најзастрашувачка смрт, но оваа приказна е нов левел на вистински хорор.

Оваа приказна започнува со жена по име Оливија Смит Хачер која живеела во Пикивил, Кентаки во доцната 1880 година. Медицината напреднала многу од тогаш, но низ историјата биле направени многу страшни грешки. Една таква е одземањето на животот на Оливија случајно, но како ова навистина се случило?

Во доцната 1880 година владеела страшна болест во градот Пикивил и одзела многу животи, особено детски. Болеста ја потресла целата заедница.

Прочитајте и...  Северина осудена за семејно насилство

Оливија Хачер имала дете по име Џејкоб Хачер кој се разболел од страшната болест. Тој починал во јануари 1881 година.

Поради загубата на своето чедо, Оливија западнала во депресија што предизвикало таа да се разболи многу во мај истата година. Таа западнала во кома, па нејзиниот загрижен сопруг се обратил кај доктор.

Докторот по прегледот ја прогласил Оливија за мртва од непознати причини. Оливија била набрго закопана, затоа што времето било прилично топло и луѓето биле загрижени за пренесувањето на болеста. Балзамирањето не било пракса во тоа време, што всушност би можело да го спаси нејзиниот живот.

Една недела по закопот на Оливија, докторот забележал дека многу луѓе со истите симптоми кои биле во кома започнале да се будат. Тие станувале се подобро со секој изминат ден по будењето. Нејзиниот сопруг сфатил дека можеби направиле страшна грешка и веднаш отрчал да ја откопа Оливија. На тоа што наишол била чиста хорор глетка.

Прочитајте и...  Луѓето во воз зборувале за неа: Рекле дека е “изоперирана глупачка”, а реакцијата на актерката станала хит

Испаднало дека Оливија била закопана жива. Тие го отвориле ковчегот и виделе дека кровот бил изгребан и искршен на парчиња. Нејзините прсти биле крвави и исечени до коска бидејќи пробувала да ја избегне ужасната судбина. Таа починала пред луѓето да сфатат дека направиле ужасна грешка. За да го задржи нејзиниот спомен, нејзиниот сопруг го направил овој споменик кој сеуште стои во Пиквил, Кентаки.

Не се сомневаме дека оваа приказна ве наежи до коска. Не ни можеме да замислиме низ каков ужас Оливија ги поминала последните моменти од својот живот. За среќа денес овие грешки се скоро невозможни со оглед на тоа колку медицината напреднала во последните години. Сигурно ве растажи тоа што и се случило на Оливија Хачер, но затоа денес нејзиниот спомен е сочуван благодарејќи на споменикот кој го изградил нејзиниот сопруг.

Најпопуларно


To Top