Забава

Човек со над 200 тетоважи од ликовите од Симпсонови стана рекордер

По многубројни шпекулации на интернет, Гинисовата книга на рекорди официјално може да потврди дека Мајкл Бакстер од Австралија го држи рекордот за најмногу тетоважи од ликови од една анимирана серија.

Целиот грб на 52 годишниот дедо е покриен со 203 различни тетоважи од серијата Симпсонови.

Во една година Бакстер потрошил 130 часа ( 5 и пол дена ) на столчето кај уметникот за тетоважи Џејд Бакстер Смит и потрошил вкупно 12.000 Австралиски долари.

Мајк вели дека неговиот омилен лик од серијата е Хомер Симпсон, но неговиот грб ги содржи сите карактери од серијата.

За да го достигне рекордот сите тетоважи на Мајкл морале да ги покажат ликовите како што се појавувале во серијата, а Бакстер морал да обезбеди детали за епизодата во која ликот се појавувал во формата на која што е тетовиран.

Прочитајте и...  Изгубени 13.471 km2 во 2018 година: Оваа земја е рекордер за уништување на шумите

Најпопуларно


To Top