Животни приказни

Човек со насолзени очи гледа на својата сопруга од 60 години и вели: “Знам дека не можеш да ме чуеш, но те сакам”

Кога две лица се обврзуваат на брак, тие се обврзуваат за цел живот. Успони и падови се случуваат во текот на бракот. Среќни денови и трагични денови. Во добро и во зло.

“Додека смртта не нѐ раздели”, е напишано во заветот – и оваа двојка си ги исполни заветите дадени на денот на свадбата.
916e3fa0aba6569a14e29a3fcf4a7c91

Губењето на луѓето што ни се блиски никогаш не е лесно. Особено кога таа личност е вашиот најдобар пријател, љубовник и вашиот партнер во животот. И покрај тоа што знаеме дека смртта е неизбежна за сите нас, ние многу моменти ги земаме „здраво за готово“.
Да се каже збогум е една од најтешките работи што некогаш ќе треба да ги направиме – остава празнина што ќе остане со нас додека не се сретнеме повторно со саканата личност.

Фејсбук пост неодамна станал вирален на постар господин по име Боби Мур. Тој бил во брак со неговата сопруга со децении – шест од нив, поточно. Тие поминале се и сешто заедно. Но, за жал – неговата сопруга починала.
На денот на нејзиниот погреб, таа лежела во нејзиниот ковчег, за да можат нејзините пријатели и роднини да ја видат за последен пат. Боби се појавил во погребниот дом еден час пред периодот на посета, сакајќи да го помине секој последен момент со својата сакана сопруга.

Прочитајте и...  По 19 години брак дознал дека неговата сопруга некогаш била машко
Боби се наведнал и ја бакнал својата жена на усните за последен пат – “Знам дека не ме слушаш, но те сакам”, и шепнал.
123
Извор: Фејсбук

За време на целиот тој час во кој Боби пристигнал порано, тој ја држел раката на својата сопруга, милувајќи ја по косата и главата.
Дури и кога пријателите и роднините почнале да се збогуваат со неа, Боби никогаш не ја напуштил неговата сопруга. Кажувајќи им на присутните колку прекрасно изгледа неговата сопруга. Верниот сопруг седел на истото место речиси пет часа, не напуштајќи ја страната на неговата сопруга.

Навистина прекрасен доказ за постоењето на вистинска љубов.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top