in

Човек со огромно срце: Вдомува животни кои никој не ги сака, ќе ви го освојат срцето (ФОТО)

Откако пред седум години останал без своето сакано куче Волфганг, Стив Грег од Денвер започнал да спасува и негува стари кучиња, обезбедувајќи им добар дом во последните години од животот.

steve greig

Фотографиите од својата „заедница за кучиња“ ги обајвува на Инстаграм, а бројот на неговите следбеници расте од ден на ден. Стив во моментов има повеќе од 900.000 следбеници на оваа социјална мрежа, а на сите им е интересно, тоа што покрај кучиња, тој посвоил и свиња, два зајака, две патки, четири кокошки, две мачки и мисирка од 20 килограми.

Стив ја сподели својата приказна и во книгата „Еден и единствен Волфганг“.

https://www.instagram.com/p/B18owJngLRD/?utm_source=ig_embed

Кога починало неговото куче Волфганг, Стив сакал да направи нешто добро, па отишол во азил и посвоил едно куче. Неговата заедница наскоро се проширила, а Стив почнал да објавува фотографии кои покажуваат какво е неговото секојдневие со животните.

„Јас сум последната личност за која би очекувале да постигне успех на социјалните мрежи. Сè беше спонтано, реакциите беа позитивни. Не ги местев фотографиите. Секој ден е различен кога имате толку многу домашни миленици. Понекогаш доаѓам во дневната соба и гледам кокошка како седи на куче, па јас тоа го фотографирам “, вели тој.

Прочитајте и...  15 луѓе споделија селфи од маските што ги нарачале, но не добиле тоа што очекувале
https://www.instagram.com/p/B5a06pIAvKs/?utm_source=ig_embed

Неговата приказна инспирирала и други луѓе да започнат да вдомуваат постари кучиња, а популарноста го навела Стив да напише книга во која зборува за вреднување на старите работи, а не само да се бара нешто ново.

https://www.instagram.com/p/B2AlF6Igk1p/

Животните кои живеат во малата заедница на Грег имаат две простории во домот во кој живеат додека тој е на работа.

„Луѓето воглавно се чудат и не можат да веруваат колку животни имам во куќата. Сите освен мисирка се во куќата, но јас сум навистина уредна личност и имам сè под контрола”, рече Стив, кој признава дека не би можел да функционира без помош на слугинка.

https://www.instagram.com/p/B3sLEl4AIEp/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Byt1EQJgf-V/?utm_source=ig_embed

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote