Во близина на австрискиот град Трагоса и планината Хохшваб во провинцијата Стриј, се наоѓа Зеленото Езеро кое во текот на летото и зимата е парк, а во пролет поради топењето на снегот и подигање на неговото ниво, станува езеро.

Во пролет Зеленото Езеро станува вистинска туристичка атракција поради неверојатниот поглед – на неговото дно се клупите и шеталиштата, а неговата површина ја красат врвовите од дрвјата. Неговата длабочина изнесува околу 12 метри, а температурата е помеѓу шест и седум степени.