Занимливости

Чудо од дете од Србија изработува неверојатни цртежи

Талентот се наоѓа во сите нас. Секако, тешката работа се исплаќа, но некои луѓе се родени со природен талент. Душан Кртолица од Србија е такво чудо од дете. Започнал со цртање на свои две години.

Децата гледаат на светот преку поинакви очила од возрасните, со нивната прекрасна имагинација. За Кртолица, природата била инспирација. Бил фасциниран од животните и од природата. Па започнал да ги става на хартија.

Кога имал 4 години, неговите родители го приметиле неговиот талент и го запишале во школо за уметност.

На осум години, неговите прекрасни цртежи биле прикажани во школото и привлекле многу внимание.

На 10 години, се фокусирал на луѓето. Неговите цртежи на витез и луѓето во околината се реалистични.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Скулптура која се шири додека одите низ неа

Најпопуларно


To Top