Здравје

Чувар куќа – заштитник од безброј болести

Sempervivum tectorum е лековито растение кое кај нас најчесто е познато под името “чувар куќа”. Неговото име ја репрезентира неговата способност за одржување во живот дури и при различни услови, но и го репрезентира местото каде најчесто може да се сретне – токму на крововите од куќите.

karas 49873

Многу луѓе имаат проблем со курје око,  но со чуварка на куќата може да го решат овој проблем за брзо време.

Луѓето кои имаат курје око , имаат и пореметување на функции на другите делови од телото. За да ги решат здраствените проблеми луѓето одат на лекар, но не знаат дека оваа билка може да им помогне.

Земете еден лист од чуварка, отсранете ја кожичката и ставете кај курјето око, а за да не се поместува листот ставете фластер.

Доколку курјето око се наоѓа подлабоко, овој процес мора да го повторите неколку пати.

А јадењето листови ги подобрува функциите на телото. Го зајакнува имунитетот и ве чува од инфекции. Доволно е само еден лист дневно.

Прочитајте и...  Масло од лимонова кора за лекување зглобови

Чувар куќата и медот ги отстрануваат цистите и миомите, ги лечат желудечните тегоби кои ги предизвикува хеликобактер пилори, го зајакнуваат имунитетот, ги ублажуваат проблемите со штитната жлезда, го олеснуваат варењето, го подобруваат системот за дигестија, го елиминираат затворот и го регулираат проблемот со тврдата столица, ги лечат воспаленијата на слузокожата и помагаат кај многу други болести и тегоби.

Многу луѓе овој народен лек го пробаа и буквално се заколнаа во неговата делотворност, а еве и како се прави:

300 грама сочни листови од чувар куќа се мелат во машина за месо или во блендер, а потоа се мешаат со 500 грама домашен и колку што е возможно поквалитетен мед. Сето ова се става во стаклена тегла, се замотува со фолија и се остава да стои затворено во фрижидер.

Медот и чувар куќата како лек се земаат наутро на празен желудник и тоа по една чајна лажичка, а половина час после тоа ништо не се јаде, ниту пие.

Прочитајте и...  Црници: Вистински пријатели на нашето здравје

Најголема заслуга на овој природен лек е детоксикацијата и прочистувањето на организмот од натрупаните штетни токсини.

Впрочем, речиси и да не постои подобар и поздрав рецепт за забрзување на метаболизмот од комбинацијата на чувар куќа и мед, а нивното дејство е благотворно и после силните и калорични оброци, обилните гозби, но и разните веселби и прослави кога често знаеме да претераме со јадење и пиење, но и во секоја друга смисла.


Најпопуларно


To Top