Занимливости

Црква во Сан Франциско ги отвара своите врати за бездомниците

Пред околу 15 години, црквата Св. Бонифације во Сан Франциско почна да ги отвора вратите за бездомници кои имаат потреба од засолниште. Таткото Луј Витале од црквата, заедно со активистката на заедницата, Шели Родер, ја започна оваа акција позната како Проект Губио во 2004 година.

Стотици луѓе секој ден одат во оваа црква, ги користат столчињата за да спијат на нив и добиваат ќебиња од персоналот.

На веб страницата на проектот Губио стои:

“Нашите гости кои доаѓаат во црквата не поставуваат никакви прашања; се обидуваме да ги отстраниме сите бариери за влез, нема знак за влез и влезници. Никој никогаш не бил вратен; сите се добредојдени, почитувани и третирани со достоинство “.

Црквата е отворена за сите верници кои сакаат да ја посетат, но 2/3 од црквата се резервирани за проектот Губио.

Во врска со засолништата за бездомниците, луѓето најмногу се жалат од тоа дека тие се опасни и во нив се чувствуваат како затвореници. Во оваа црква тие го чувствуваат токму спротивното.

Прочитајте и...  Истражување: Мажите кои имаат ќерки живеат подолго

Но, сепак во светот проблемот со бездомниците не го третираат сите на ваков љубезен начин. Неколку активисти во Калифорнија беа уапсени во 2018 година поради хранење бездомници, а 14 годишно момче беше уапсено. Властите тврделе дека тоа го правеле за да спречат ширење на болести. Сепак, активистите сметаат дека власта ги криминализира бездомници.

Најпопуларно


To Top