Животни приказни

Тинејџер споделува листа на правила кoи мајка му го тера да ги прави секојпат пред да излезе од дома

Денес, низ цела Америка се водат разговори за привилегиите на белите луѓе. Во исто време, црните Американци споделуваат лични приказни за секојдневните неправди, пресуди и микро-агресии со кои се соочуваат, едноставно затоа што се црни. Една таква приказна на 18 годишниот Камерон Велч од Хјустон, Тексас вирално се проширила откако момчето ја споделило листата на правила што мајка му му ги дала на возраст од 11 години пред напуштање на куќата. Таа листа на многу луѓе им дава поинаков поглед кон значењето на „белата привилегија“.

Камерон прв пат ја споделил листата минатата недела во видео на ТикТок каде што досега има неколку милиони прегледи.

@skoodupcam

Jus some unwritten rules my mom makes me follow as a young black man #fyp #blacklivesmatter

♬ original sound – marcappalott

„Само неколку непишани правила кои мајка ми ме тера да ги следам како млад црнец“ – напишал Камерон во насловот.

Ако мислите дека ќе кажува работи како „Не зборувај со непознати луѓе“ или „Биди дома пред да се стемни“ размислете повторно.

Прочитајте и...  "Бев скршена кога дознав дека моето дете има Даунов синдром, но сега напишав рецензија дека дополнителните хромозоми се неверојатни - екстра слатко и извонредно бебе"

Правилата се едноставни, сепак секоја од нив предизвукува срцето да ви потоне.

Во ова видео, Камерон ги набројува правилата едно по едно, без некаков редослед.

— Не ги ставај рацете во џеб.

— Не ја ставај капата на глава.

— Не стој надвор без блуза.

— Провери ги другарите, дури ако се на неколку метри далечина.

— Не стој надвор до доцна.

— Не допирај нешто што не планираш да го купиш.

— Никогаш не излагај од продавница без сметка или кеса, дури и ако се мастики.

— Никогаш не прави да изгледа како да се расправаш со некого.

— Никогаш не излагај од дома без личната карта.

— Не вози со рамбовка или со марама на глава.

— Не излагај надвор со рамбовка или со марама на глава.

— Не вози со музиката пуштена гласно.

— Не гледај во жените од белата раса.

— Ако полицаец случајно те застане да те испрашува, не им враќај со зборови, само најди компромис.

Прочитајте и...  По 19 години брак дознал дека неговата сопруга некогаш била машко

— Ако полицаец те застане, стави ги рацете на воланот и прашај дали може да ги извадиш сообраќајната и возачката дозвола.

Во коментарите, повеќе корисници ја изразија својата одвратност кон работите со кои младите црнци треба да се справуваат.

„Фактот што неможете да го живеете сопствениот живот е одвратно“ – вели една личност.

„Жал ми е што ти и многу други луѓе мора да поминувате низ вакви работи“ напиша друг и додаде „Опшеството мора да се промени и ние мора да работиме за да го промениме“.

Други пак искажаа дека овие правила не се новост за нив.

„Мама истото ми го кажа“ напиша една личност, чиј коментар одекнува со многу повеќе.

„Фактот што нашите родители мора да ни го кажуваат ова е жалосно“, кажа уште една личност, „Мора да го правиме ова само за да излеземе надвор“.

Во една тажна размена на мисли, една личност напиша „Го зачувувам ова за идниот син“, а на тоа Камерон врати со „Неговата иднина не треба да виде ваква“.

Прочитајте и...  Мајка се сретна со убиецот на својот син: Беше подготвена да прости, но ваков однос никој не очекуваше (ВИДЕО)

На твитер, разговорот продолжил, како што луѓето ја споделувале приказната.

Повеќе истакнаа дека оваа приказна колку и да ги отвара очите на луѓето, токму тоа е она што црните Американци пробуваат да го кажат со децении.

„Кога зборуваме за ‘бела привилегија’, не зборуваме за пари“, напиша еден корисник на твитер како одговор на приказната. „Црните и кафеавите луѓе не можат да живеат обичен живот. Постојат непишани правила кои ги следиме за да преживееме“.

Во интервју со Huffpost, Камерон рекол дека тој, како и многу други, бил инспириран да зборува од смртта на Џорџ Флојд.

„Во овој момент во САД, потребно беше да го искористам гласот, па го објавив видеото“ тој изјави за весникот. „Сакав луѓето да ја слушнат и да ја разберат вистината за секојдневното искуство на еден црн маж“.

Засега, изгледа дека ја оствари својата мисија.

„Секој црн маж го има тоа чувство ‘дали ќе се вратам дома денес?’“ кажува Камерон во неговото видео.

Најпопуларно

To Top