Случувања

Црна Гора забрани работа во недела

Црногорските пратеници во Собранието ги усвоија измените и дополненијата на Законот за внатрешна трговија, со кој е предвидено продавниците и супермаркетите да бидат затворени во недела. Законот ќе почне со примена наесен.

Screenshot 2 11

Со овие измени се забранува трговија на големо и мало за време на неделите и празниците, со исклучок на продажните објекти или места во кои тоа е неопходно за обезбедување на животните потреби на граѓаните. На оваа листа се наоѓаат аптеките, специјализираните продавници, киосците за продажба на леб, пекарски производи и колачи, цвеќиња, сувенири, новини, средства за заштита на растенија и погребна опрема.

Во недела ќе може да работат и бензиските станици, како и продавниците во нив, пазарите, тезгите, подвижните продавници, како и продавниците во затворените подрачја на автобуските и железнички станици, аеродромите и пристаништата.

Прочитајте и...  Додека чекаат да бидат тестирани спијат во кутии: Еден од најголемите аеродроми во светот се претвори во легло на заразата
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top