Црна месечина на 30 август – прочитајте што ви носи за вашиот хороскопски знак

Црната месечина во Девица е посебна ситуација во лунарната астрологија и сe случува еднаш во 2 години.

Horoskop
1200×1200 PI horoscope. SX970. CB488496935 . SX970

Во астрологијата, црната Месечина е втора млада Месечина во еден месец. Таа мотивира да ги преиспитаме животните одлуки и да направиме промени за кои секогаш сме сонувале. Време е да се активираме и да се насочиме кон остварување на соништата. Сега имаме шанса да го промените животот  на подобро.

Енергијата на Девицата е многу моќна во овој период, па ќе доведе ред и организација во секој хаотичен сегмент на животот. Потрудете се да не западнете во замката на перфекционизмот и прифатете дека работите нема секогаш потполно да бидат како што сме замслиле.

Младата месечина на 30 август во Девица претставува совршен ден да започнете нешто ново и да ја обновите енергијата на различни животни полиња, особено кога станува збор за љубовта. Многумина ќе ја најдат и својата сродна душа, а зафатените ќе планираат заедничка иднина и брак.

Овен – време е за организација

Црната месечина позитивно влијае на професионалниот живот на Овните. Ќе бидете подобро организирани и ќе промените некои од своите навики. Можни се нови убави можности за Овните. Размислете за својата рутина, посветете се на негување на психичкото здравје.

Бик – останете со студена глава

Притисокот кој го носите на грб може да ви помогне да се усовршите во текот на црната месечина. Ќе успеете да го организирате своето време и лесно да се прилагодите на новите ситуации. Убавата енергија носи нова романса во љубовта. Зафатените Бикови очекуваат убав однос со партнерот, но потрудете се да избегнете критики и конфликти.

Близнаци – зголемена тензија

Ве очекуваат расправии со партнерот. Кога ќе почувствувате лутина и бес, не почувствувајте расправија, туку чекајте да слегнат страстите, а потоа разговарајте. Оние кои сакаат нов дом, ќе добиете добри вести во однос на селидба.

Рак – ново пријателство

Црната Месечина носи период исполнет со друштвен живот. Ќе запознаете многу интересни луѓе, а многу познанства ќе донесат добри промени на ова поле. Минувањето време во природа влијае на вашето здравје помага да го намалите стресот. Внимателно бирајте ги зборовите.

Лав – подобри финансии

Црната месечина ги поттикнува Лавовите да ги преиспитаат своите одлуки на полето на финансиите. Ќе направите важни потези на полето на финансиите. Можно е во текот на следните месеци да добиете  неочекуван прилив на пари. Заслужувате награда за својот напорен труд.

Девица – останете си доследни на себеси

Имате доволно самодоверба за да застанете позади себе и позади своите идеи. Периодот на молчење, несигурност и криење станува ваше минато.Време е да излезете од чаурата и да се претставите себеси во најдобро светло. Подготвени сте за големи животни промени.

Вага – Љубовта е секаде околу вас

Шансите конечно да ја пронајдете љубовта на својот живот се огромни. Љубовта за која сонувате конечно ќе стане стварност. Не дозволувајте да ја пропуштите оваа можност. Црната месечина ги поканува Вагите да излезат од својата комфорна зона и да се посветат на хуманост. Волонтирајте, придружете се на добротворни здруженија.

Шкорпија – љубов на прв поглед

Осамените Шкорпии ќе запознаат личност која ќе им го одземе здивот. Ако сте веќе во врска, ќе запознаете нови пријатели кои ќе ви помогнат да ги остварите своите соништа. Ова е период за склучување сојузи и запознавање луѓе со исти верувања и страсти како и вие. Ве очекуваат убави изненадувања. Поставете си цели и амбициозно работете на нив, ќе успеете.

Стрелец – пред вас се промени на полето на работата

Оваа црна месечина носи големи промени за вас. Нема да ви биде лесно да ги прифатите, а вашите напори да спречите промени ќе бидат беспотребни. Прифатете дека не можете да ја добиете секоја битка.

Стрелците кои копнеат за промени конечно ќе имаат можност да ги остварат своите соништа. Време е да одредите нов пат и да сфатите што точно сакате на ова поле. Не дозволувајте критиките да ве поколебаат.

Јарец – сè си доаѓа на свое

Ќе запознаете нова личност која ќе ви стане голем пријател, но ќе ве привлече и во сексуална смисла.Ако планирате пат, заради таа личност ќе сакате да го откажете. Генерално, ќе уживате во сè што ќе ви донесе оваа црна месечина. Ќе совладате нови вештини и ќе бидете одлични во својата работа.

Водолија – Ќе бидете нова, најдобра верзија од себе

Црната месечина е пријател на Водолијата, а во овој период ќе ве охрабри да го смените својот стил на живеење на подобро, но и да започнете да се занимавате со физички активности. Промените во исхраната добро ќе влијаат на вас. Можни се и приливи на пари, кои ќе ви помогнат да ги остварите своите соништа.

Риби – Убави вести за вас

Во вашиот живот доаѓа личност која ќе направи вашето срце да зачука побрзо. Кога станува збор за работата, пред вас е нов, поволен договор и значајно покачување. Во љубовта, сè ви оди од рака. Ако сте сами, ќе се заљубите, ако веќе сте заљубени, тоа ќе премине на друго ниво.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.