Здравје

Црници: Вистински пријатели на нашето здравје

Постојат три главни вида на црница, бела (Morus Аlba),  црвена (Morus rubra) и црнa (Morus nigra).

Разликата меѓу нив е во бојата на плодот, а не во вкусот. Освен што може да се јаде свежа, многу погодна е за правење сокови и сирупи, мармалади и желеа, како и ракија. Поради својата висока сладост се вклопува и во јадењата од дивеч, а со лисјата можат да се хранат животните, особено оние кои даваат млеко, бидејќи ја зголемуваат млечноста.

Здравствени придобивки

Се вели дека со редовното консумирање на свежи плодови може да се спречи ракот, дигестивните проблеми и високиот крвен притисок. Се верува дека ова овошје помага во олеснување на болката во грлото, а во народната медицина како средство против воспаление, како противотров, фунгицид, седатив, но и како тоник за кожата. Белата дудинка се користи за лекување на чир и други воспаленија на устата, болка во рацете, астма, бронхитис, општа слабост, настинки, несоница и болна менструација.

Прочитајте и...  Ракот кај децата најчесто се јавува од една причина – ОВАА ГРЕШКА родителите НЕ СМЕАТ да ја прават!

Чај од црница за убава кожа

Чај направен од лисјата на црницата е особено добар за чистење на кожата, и така со секојдневното миење вашето лице ќе биде мазно, чисто и убаво, а најмногу ќе помогне во анулирањето на акните.

Најпопуларно


To Top