Галерија

Црвена плажа: Чудо на природата во Кина

Црвената Плажа е прекрасен пејсаж кој се наоѓа во заштитениот природен резерват во речната делта на Лиаохе, околу 30 км југозападно од градот Панџи во Кина.

panjin red beach

Плажата е долга 26 километри и широка речиси еден километар. Името го добила по морската трева која почнува да расте во реката во април и мај и која во текот на целото лето ќе биде зелена, како и секоја друга трева на светот. Но, кога доаѓа есента, оваа река се претвора во спектакуларен крајолик обоен со кармин црвена боја.

Со оглед на тоа дека реката Лиаохе е дел од заштитениот национален парк Шуангтаи Хекоу (Shuangtai Hekou), посетите се ограничени. Ограничувањата се поставени главно поради заштита на некои уникантни видови на животни кои живеат овде, како што се ретките видови галеби, џиновските желки и морските лавови.

maxresdefault 2 1

Покрај тоа, Црвената Плажа е дом на повеќе од 236 видови птици. Бидејќи тревата почнува да ја добива својата црвена боја дури во септември, доколку некогаш планирате да го посетите овој единствен пејсаж, се препорачува тоа да го направите (поради најсилниот ефект) во септември, октомври или ноември.

Прочитајте и...  ФУТУРИСТИЧКО РЕМЕК-ДЕЛО: Библиотека во Кина како од научно-фантастичен филм
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top