Црвеното вино во својот состав содржи нешто што помага во борбата со депресијата и менталните нарушувања

Љубители сте на вино? Милувате да испиете една чаша црвено вино во текот на вечерата или после неа? Го сакате неговиот вкус и ви годи да го пиете во умерени количини? Ако сè ова е точно тогаш имаме добри вести за вас – умереното пиење вино може да биде здраво. Па, следен пат слободно испијте црвено вино без грижа на совест, но немојте да претерувате бидејќи сè што е претерано не чини.

woman holding glass of red wine

Најновото истражување објавено во научно списание открива дека виното содржи ресвератрол, којшто може да ве заштити од анксиозни симптоми и депресија.
Составот може природно да се најде во семките и кожата од сите бобинки и грозје (понекогаш и кикирики) и се открило дека има бројни позитивни ефекти врз човечкото тело. Според Марвин Сајнг, интернист и гастроентеролог, истражувањето покажало дека ресвератролот има бројни анти-инфламаторни, антиоксидансни и долготрајни ефекти коишто можат да послужат како потенцијален третман за пациентите болни од рак, дијабетес и синдром на полицистични јајници.

Според едно истражување што е во тек, составот има заштитен ефект на нервите во борба против холестеролот и хормонот за стрес, коишто во големи количини можат да создадат анксиозност и депресија. Кога истражувачите направиле експеримент за ефектите на составот врз глувци дошле до откритие дека тоа го спречува излачувањето на кортикостеронот – влијателен ензим.
Ресвератролот служи како ослободувачки причинител за одговорот на телото на стресни настани.
Ваквите резултати од истражувањето не значат дека треба да претерате со пиење вино, но доколку го консумирате умерено потенцијалните здравствени придобивки не можат да се одречат.
Црвеното вино го подобрува вашето ментално здравје. Ако не сте многу по пиењето, во моментов постојат научни обиди за поставување основа за употребување на ресвератрол како состојка во идните антидепресиви.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.