in

Да не била оваа жена, никој немало да слушне за Винсент ван Гог

Многу е позната братската љубов помеѓу Винсент и Тео. Тео го охрабрувал својот брат и го финансирал неговиот труд, иако Винсент званично продал само една слика и тоа за занемарлива сума (Постои информација дека продал уште една наменска слика додека студирал, како би можел да ги продолжи студиите). Тео починал само неколку месеци после Винсент, многумина кажуваат дека на тоа влијаела и смртта на својот сакан брат. По нивната смрт останале 526 писма (разговори меѓу нив двајца).

Јохана ван Гог, Теовата сопруга, најпрво сакала во писмата да го осети присуството на својот сoпруг, кој во тие денови и недостасувал најмногу. А потоа, после многу осамени ноќи, поминати во читање, пред неа се појавила и јасна слика за неговиот брат каков дотогаш го немала запознато: „Увидов колкава била големината и племенитоста на тој осамен уметник и се повеќе ме разочара незаинтересираноста на луѓето за она што го работел“.

Image result for vincent van gogh and theo

Јохана била две години во брак со Тео. Кога станала вдовица, со малиот син се преселила од Париз во место блиску до Амстердам. Таа ги запишувала своите мисли за нејзиното семејство во дневник, за да може нивниот син кога ќе порасне да знае повеќе за нив. Во нивниот стан во Париз останале околу 200 слики, цртежи и Скици од Винсент ван Гог. Некои пријатели дури и препорачувале да се отараси од нив што побрзо, бидејќи во нив не гледале никаква вредност.

Прочитајте и...  Шест главни животни правила според кои секоја жена треба да се води
Image result for johanna van gogh and vincent

„По смртта на Винсент, Тео ми кажа дека дел од тие писма треба да се објават, но смртта го однесе пред да може да ја спроведе таа идеја во реалност. Од тогаш поминаа скоро 24 години. Ми требаше многу време да ги дешифрирам и органиѕирам писмата, а тоа беше уште потешко, бидејќи датумите обично недостасуваат, но постоеше уште една причина поради која се воздржував од објавување порано. Имено, неправедно е да форсираш интересирање за сликар, пред неговите дела на кои што го потрошил својот живот да бидат препознати и ценети онака како што заслужил. Поминаа многу години пред Винсент да биде препознат како сликар, луѓето сега можат да се огледаат во него и да го разберат како човек. Нека писмата се читаат со почит.“

Image result for johanna van gogh letters
Image result for vincent van gogh letters

До февруари 1892 година, успеала да ја приреди првата изложба на Винсентовите цртежи во Амстердам, а повеќе слики ги доделила на трговците. Во март е продадено првото платно. Чувството на триумф што конечно нејзиниот девер го спасила од потполна анонимност, повекогаш се мешало со чувството на тага, затоа што не сите го споделувале нејзиниот восхит кон неговите дела. Најоштрата критика ја слушнала во текот на изложбата во Хаг, кога еден стручњак и објаснил дека постои непреместива граница помеѓу работите кои можат да се насликаат и оние кои неможат да се прикажат, што всушност Ван Гог често пробувал да ја премине таа граница- особено кога го сликал сонцето. Тоа не бил единствениот глас кој го слушала во текот на наредните месеци, но сепак, во ниту еден момент не помислила да се откаже. Во најтешките моменти се сеќавала на Тео, на кого му посветила многу страници во нејзиниот дневник: „Тој ме научи многу за уметноста, или подобро кажано, ме научи се во животот. Освен грижата за нашиот син ми остави уште една важна задача, а тоа се Винсентовите дела, да им покажам на луѓето и да им овозможам да ги прифатат на најдобар начин.“

Image result for johanna van gogh

Првата голема изложба се случила во 1905 година во амстердамскиот музеј Стеделијк музејот, додека Ријкмузеум одбил да ги прифати Винсентовите дела како позајмица. Сликите за прв пат се покажани надвор од границите на Холандија во 1910 година (20 години после Винсентовата смрт), на постимресиона служба во Лондон. Делата и понатаму не биле потполно прифатени, судејќи по она што го забележала во дневникот: „Многумина и понатаму ми се потсмеваа“.. Било потребно да помине уште некое време за да јавноста почне да ја гледа неговата уметност со поинакви очи. Паралелно со неуморните преговори со галерии и трговци, Јохана посветено ги читала и уредувала писмата. Во тоа и помагале Еуген Бош, кого Ван Гог го овековечил на познатиот портрет како и Емил Бернанд кој и помагал и во приредување на изложби. Сепак најголема подрша и дала Хелена Кролер- Милер, сопруга на богатиот индустријалец Антон Милер.

Прочитајте и...  20+ пронајдоци кои ни го направија животот полесен
Image result for vincent van gogh

Спрема податоците од 2009 година за посетеноста на Музејот Ван Гог, тој е најпосетениот музеј во Холандија и се наоѓа меѓу 30-те најпосетени музеи во светот.

Image result for vincent van gogh museum

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote