Мајка на пет деца го инфицирала крвотокот по пат на тампон поради што животот ѝ бил загрозен. Грета Зарете од Северна Каролина на почетокот на годината лежела четири дена на интензивна нега поради инфекција која ја добила од тампон во текот на меструалниот циклус.

На Грета ѝ започнал менстроалниот циклус, но и симптоми како оние од грип. Неколку денови потоа притисокот алармантно ѝ се намалил, а симптомите на грипот кулминирале.

Докторите не ја знаеле причината за нејзината ваква состојба.

По бројните испитувања, гинекологот преку земениот вагинален брис дознал дека станува збор за синдром на токсичен шок, сериозна состојба на организмот која е предизвикана од бактериска инфекција.

Организмот на Грета бил во токсичен шок, состојба на сепса во која сопственото тело ги напаѓа органите.

Докторите откриле дека потенцијално опасните бактерии се собирале во крвта на нејзиниот тампон. Потоа влегле во крвотокот низ микроскопските исекотини на ѕидовите од вагината.

Среќа во несреќа било тоа што Грета навреме се јавила на доктор каде што реагирале во вистински момент. Докторите изјавиле дека доколку таа задоцнела еден ден последиците би можеле да бидат фатални.

Прочитајте и...  „Писмо до моето неродено дете“ на една трудница која преживеала во терористичките напади во Брисел

Токсичниот шок кој ј погодува една од 100.000 жени се случува кога безопасните бактерии – стафилококи или стрептококи, кои живеат на кожата, ќе стигнат до нашиот крвоток и ќе почнат да предизвикуваат токсини. Симптоми за шок се: висока температура, низок притисок, повраќање, конфузија.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде