Дали 10.000 чекори дневно се неопходни за длабока старост?

Научниците сметаат дека постои неопходен број на чекори за пешачењето да влијае на здравјето на човекот.

Shutterstock

Повеќето од нас ја следат својата дневна активност со помош на паметните телефони, часовници и алки. Секоја од нив не советува дека за здрав живот препорачливо е секој ден да направиме барем 10.000 чекори.

Магичниот број од 10.000 чекори датира од периодот на Олимписките игри во Токио 1964 година. Позната јапонска компанија произведувала популарни падометри ( бројачи на чекори ) под името Манпо-кеи што во превод значи десет илјади чекори, пренесува BBC.

Се досега не се направени некои сериозни истражувања кои ја докажуваат важноста на прошетките за здравјето на човекот.

Професорката Мин Ли на Медицинскиот факултет на Универзитетот Оксфорд спроведе детално истражување на примерок од дури 16.000 жени стари над 70 години. Целта била да се утврди врска помеѓу дневната активност на тие жени и причината за нивната смрт.

На сите учеснити им биле поделени педометри. По 4 години и три месеци починаа 504 од нив. Жените кои преживеале дневно правеле во просек повеќе од 5.000 чекори.

Групата која правела просечно повеќе од 4.000 чекори дневно има повеќе шанси да доживее длабока старост од оние кои направиле само 2.700, тврдат експертите. Проблемот во ова истражување е што тие жени што помалку се движеле веќе биле болни.

Испитувањата потврдиле дека жените кои се доволно „фит“ и можат неделно да ја преминат магичната цифра од 10.000 многу е веројатно дека ќе доживеат длабока старост.

Џордан Еткин, психолог, заклучил дека лицата кои ја следеле својата активност оделе повеќе чекори, но помалку уживале во прошетката.

Користа од одењето кај човекот настапува по направени 7.500 чекори, се под тоа нема значајно влијание на вашето здравје, тврдат научниците.

Направените чекори не се секогаш прецизен показател на вашата дневна активност. На пример, кога трчате, вашиот дневен резултат нема да биде видно подобар, но затоа сте поминале значително поголема далечина.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.