Научници од универзитетот Свети Луис во Мисури и три други универзитети проучуваат што се случува кога некој е инфициран со грип.
Тие бараат 80 здрави луѓе од 18 до 49 години кои ќе ги следат во тек на 4 месеци
Возрасните ќе бидат инфицирани со H1N1 (Свински грип) преку спреј за нос, ќе останат во клиниката 10 дена, а потоа ќе бидат проверувани на неколку наврати.

Во периодот на престојот во клиниката, научниците ќе земаат примероци од крв и брис од нос и грло, пред и откако ќе бидат инфицирани кандидатите.
Симптомите на грипот, вклучувајќи треска, мускулни болки и омалаксаност, ќе бидат следени секој ден во текот на две недели.
Откако ќе ја напуштат клиниката, кандидатите ќе треба да се вратат на три проверки, на кои ќе им биде земен примерок од крв и брис од нос и грло.
Кандидатите ќе бидат платени 75 долари за трите посети, и 10 долари за еден телефонски повик. Во текот на престојот од 10 дена, кандидатите ќе добиваат по 300 долари дневно.