Љубов и секс

Дали храната може да ви го подобри сексуалниот живот?

Урамнотежената исхрана, физичката активност и доброто ментално здравје можат да го подобрат вашиот сексуален живот – но дали некоја храна делува како природен афродизијак?

Намирниците кои го предизвикуваат создавањето на ендорфинот, содржат состојки кои се поврзани со здравиот сексуален нагон или асоцираат на богатство и успех, кои наводно позитивно влијаат на либидото.

Дали остригите навистина се афродизијак?

Казанова, веројатно најпознатиот љубовник во историјата, наводно секое утро јадел по 50 остриги за доручек.

Меѓутоа, нема докази дека постои врска помеѓу остригите и зголемениот сексуален нагон, па се прашуваме од каде доаѓаат овие гласини?

Постои легенда дека Афродита, грчката божица на сензуалната љубов, е „родена“ од бела морска пена…. Затоа, морските плодови станале афродизијаци.

Но, добри вести и за љубителите на остригите – овие драгоцени мекотели се богати со цинк, кој главно се асоцира со зголемување на потентноста кај мажите.

Прочитајте и...  Храна која е најдобро да ја јадете на празен желудник

Најпопуларно


To Top