Живот

Дали одгледувањето храна треба да биде дел од образовниот систем на децата?

Современата ера е обележана со постојаните достигнувања во технологијата, а новите пронајдоци обезбедија удобности и погодности за кои никогаш не сме ни размислувале.

Сепак, изгубивме голем дел од потребните знаења и вештини за преживување во реалниот свет, а дел од нив се знаењата и вештините за тоа како да се грижиме за нашите семејства. Ова го наметнува прашањето: Ако моменталниот систем падне, дали ги познаваме основите на животот за да преживееме?

Постојано се соочуваме со природни катастрофи, па ова и не е толку нереално. Затоа, учењето децата да одгледуваат своја храна би било непроценлива лекција.
Истражувања покажуваат дека кога децата одгледуваат сопствена храна, тие развиваат таканаречена „емпатија за храната“, подлабока врска со храната, за што е докажано дека води кон поздрав живот. Децата со ваков вид емпатија имаат подобра исхрана, јадат повеќе зеленчук и овошје и имаат подобро разбирање за храната и исхраната.

Прочитајте и...  Хумано дело на една скопјанка: Остави кеса со храна пред маркет за тие што немаат

Луѓето од сите возрасти може да уживаат во градинарството, но децата особено ќе се забавуваат, ќе имаат придобивки и ќе стекнат нови вештини, вклучувајќи:

Одговорност – поради грижата за растенијата;
Разбирање – бидејќи учат за причините и последиците (на пример, растенијата умираат без вода, плевелот се натпреварува со растенијата);
Самодоверба – од постигнувањето на нивните цели и уживањето во храната што ја одгледуваат;
Љубов кон природата – шанса да научат за надворешната средина на безбедно и пријатно место;
Резонирање и откривање – учење за науката за растенијата, животните, времето, животната средина, исхраната;
Физичка активност – прават нешто забавно и продуктивно;
Соработка – заеднички активности и тимска работа;
Креативност – пронаоѓање нови и возбудливи начини за одгледување храна;
Исхрана – учење за тоа од каде доаѓа свежата храна.

Најпопуларно


To Top