Занимливости

Дали религијата самата по себе е насилна?

„Толпи глави, раце и стапала можеа да се видат. Потребно беше да го пронајдете вистинскиот пат низ човечките тела и коњите.“ вака историчарот Рејмонд Д’ Ажил го опишал Ерусалим 1099 година додека гледал како крстоносците го освојуваат градот.

„Луѓето јавале во крв до колена. Навистина тоа била праведна и сјајна божја казна, да ова место биде исполнето со крв на неверниците бидејќи толку долго патело од нивното богохулење.“

Кога луѓето создаваат аргументи за инхерентното насилство во религијата, веројатно мислат на вакви работи: непромисливо, триумфалистичко пролевање на крстоносечките војни, повеќедецениско колење во триесет годишната војна и дехуманизирана серија убиства на современиот џихад. Меѓутоа дали религијата е причина за сите големи војни низ историјата? Краткиот одговор е не. Било кој студент по историја би можел да укаже на тоа дека сите конфликти од походот на Џингис Кан до првата Светска  Војна имале нерелигиски мотиви. Бројни истражувачи се соочиле со таа енигма и фактот дека иако скоро сите испитаници не веруваат дека религијата е причинител на конфликтите, сепак сметаат дека таа е главниот кривец. Религијата можеби не е главниот причинител за сите војни во историјата, велат испитаниците, но таа сама по себе е насилна на начин кој без сомнеж ја направил светската историја полоша.

Еден од проблемите на самото поставување на прашањето е претпоставката дека постои единствена работа која се нарекува религија и која е констнантна веќе илјадници години. Таката идеја е веќе долго присутна и проблематична во западната култура.

Прочитајте и...  На ова малкумина се сеќаваат: Со кое име Здравко Чолиќ се претставуваше на почетокот на кариерата?

Меѓутоа не постои универзален начин на кој религијата може да се дефинира, особено кога ќе се споредат моно и политеистички религии. На западот, на религиите се гледа како на кохерентен систем на задолжителни верувања, институции и ритуали, чие практикување во суштина е приватно и херметички затворено од сите секуларни активности. Меѓутоа, зборот во другите јазици кои на западот се преведува како религија, скоро секогаш се однесува на нешто поголемо, неодредено и поопфатно. Невозможно е да се направи кохерентен случај во улога на религијата во војната и насилството низ историјата ширум светот, едноставно затоа што религијата игра различна улога во различни култури.

Невозможно е да се објасни современото или историското насилство само низ религијата. Исламскиот фундаментализам често но не и секогаш прераснува во физичка агресија. Меѓутоа, тоа не се случувало затоа што е исламот во основа наклонет кон насилство, повеќе од на пример протестантското христијанство, туку затоа што муслиманите имале многу потежок пат до современото време. Со други зборови, дури и на религијата мора да се гледа низ објективот на политиката.

Луѓето започнуваат војни, ги убиваат своите непријатели и се разнесуваат себеси во воздух од комплицирани причини. Луѓето зборуваат за бариери. Тие светот го гледаат низ културолошките асоцијации и историјата, дури и кога тие не се очигледни. Заради тоа, учесниците на истражувањето можат да разберат дека религијата не ги предизвикала сите војни во историјата, но и понатаму веруваат дека религијата е сама по себе насилна.

Најпопуларно


To Top