Астрологија

Дали сте среќник или најголем баксуз на светот според хороскопот?

Некои луѓе изгледа како да се родени под среќна ѕвезда и сè им оди од рака. Други пак се најголемите малери коишто сме ги сретнале. Во која група припаѓате вие според хороскопскиот знак?

horoscope

Овен

Иако вашата планета Марс ја сака војната, тоа не значи дека целиот ваш живот ќе го потрошите на војување и борби. Всушност, како упорен Овен вие сте предодредени да победите во секоја битка која ќе ја одберете.

Паметни сте, мотивирани и добро артикулирани луѓе, па токму затоа вашата среќа е одраз на силната личност и карактер, отколку самата среќа која ја носите како знак од зодијакот.

Бик

Животот како секогаш да крие некое изненадување за вас кога најмалку го очекувате.

Иако понекогаш се чувствувате несреќно, самиот факт што сте сè уште тука, храбро преживувате и ги совладувате сите пречки кои ви ги сервира животот, е сигурен доказ дека вам и не ви е потребна некоја особена среќа, туку само снаодливост да се справите со животните предизвици.

Близнаци

Вие не сте едни од оние среќници. Всушност, вашиот живот е исполнет со многу предизвици и пречки. Но постои и една добра вест: Поради вашата огромна страст за знаење, вие успевате да стигнете многу подалеку отколку што тоа би го направиле потпирајќи се исклучиво на вашата среќа. Кому му е потреба среќа, кога имате шарм и ум кој функционира на таков уникатен начин?

Прочитајте и...  Врските со овие три хороскопски знаци се особено тешки

Рак

Вие сте еден од оние знаци кои се вистински благословени со среќа. Иако на патот постојано се појавуваат предизвици, вие имате родено чувство за насока и вештини со чија помош секогаш успевате вистински да се насочите кон целта. Среќата, секако, не е на одмет.

Лав

Мудри сте и одлучни, па воопшто и не се грижите дали имате среќа или не. Животот го доживувате како парче глина, а себеси како вајар, подготвени да ја обликувате сопствената судбина онака како што сакате. Немате потреба од детелинка со 4 листа, вие сте капетанот на бродот наречен „Живот“.

Девица

Среќата како отсекогаш да била сосема малку од дофатот на прстите, а вие најверојатно сте веќе навикнати на тоа чувство на разочарување. Иако можеби ви изгледа дека вашиот живот е многу потежок отколку на другите луѓе, постои причина зошто среќата ве заобиколува.

Затоа што сте еден од најсилните знаци во зодијакот, имате многу искуство и истовремено умеете да ги научите и другите околу вас како да ги совладаат предизвиците.

Прочитајте и...  Кои секс пози ги преферираат хороскопските знаци?

Вага

Здраво среќници! Не е никаква тајна дека сте вечни оптимисти и дека животот ви се одвива токму онака како што сте замислиле. Доколку другите се чудат како го победувате секој лош ден во животот, одговорот е – со помош на вашата перцепција на нештата.

За тоа може да ѝ се заблагодарите на вашата планета Венера, затоа што чашата секогаш ја гледате како полу наполнета.

Шкорпија

Иако сте склони секогаш да ги забележувате и истакнувате негативните работи, вие сте прилично среќен хороскопски знак. Кога ќе вложите само малку труд во она што го сакате, желбите ви се остваруваат, а кога посакувате да смените нешто – животот секогаш ви се насмевнува.

Многумина не можат така брзо и лесно да го управуваат сопствениот живот, а за вас слободно може да се каже дека сте среќници на оваа тема.

Стрелец

Честитки, и вие сте еден од среќните знаци во зодијакот. Ве следи планетата Јупитер која ви помага да направите лимонада од сите кисели лимони кои ви ги дава животот.

Секако, тоа не значи дека понекогаш животот не ве предизвикува, но никогаш нема да останете без решение на проблемот и таа мала капка среќа која ви доаѓа сосема природно.

Прочитајте и...  Нова година, стари обичаи: Овие работи никако не ги правете, за да не ве бие баксуз

Јарец

Вие сте предодредени да бидете водач, па токму затоа први се соочувате со проблемите и тешкотиите. Способни сте да го направите тоа со неверојатна леснотија. Додека работите ги решавате со комбинација на емотивно и ментално вложување од своја страна, ќе имате среќа да ја исполните зацртаната цел.

Водолија

Заслужувате силна и топла прегратка, бидејќи да бидеме искрени, секогаш го извлекувате „подебелиот крај од стапот“ и не може да се пофалите дека ве следи некоја особена среќа во животот. Тој никогаш не бил особено фер спрема вас, но вие сте храбар борец и секогаш успевате да ја држите главата над водата, дури и кога изгледа дека ќе потонете и ќе се удавите.

Риби

Многу одамна, среќната планета Јупитер владеела со вашиот знак. Иако Нептун, планетата на инспирацијата ги истакнува вашите психички способности, бидејќи во моментот владее со вас, сепак одамна изгубениот татко Јупитер сè уште има мало влијание врз вашиот знак.

Тоа значи дека не само што сте среќни, туку и дека две планети ве водат низ животот кон целосна, апсолутна среќа

Најпопуларно


To Top