Здравје

Дали знаете дека црните кеси за отпад се штетни за вашето здравје?

Најтоксичните и најканцерогените супстанци се наоѓаат во пластичните црни кеси, покажа истражување спроведено во Турција, кое го претставија претседателот на Здружението за развој на свеста за животната средина и професор од Фармацевтскиот факултет „Дикле“, д-р Хамди Темел.

Темел смета дека пластичните кеси се многу штетни како за луѓето, така и за околината. Тој наведува дека употребата на пластични кеси, исто така, влијае на глобалното затоплување.

„Растенијата, овошјето и зеленчукот растат таму каде што кесите се оставаат да изгнијат. Ние сме тие што ги јадат, а потоа тие хемиски супстанци нам ни штетат. Доколку не се распаднат, ги јадат животните, па тие се причина за нивната смрт. И нанесуваат штета и на атмосферата.“, објаснува д-р Темел.

Тој верува дека и храната и пијалоците кои ги ставаме во пластични чаши или чинии се штетни.

„Апсолутно треба да ги исфрлиме од нашите животи. Не треба да користиме пластични чаши, чинии, лажици со топла храна или со пијалоци“, рече Темел.

Прочитајте и...  За сезоната на грип која е пред нас – Чај благодарение на кој нема да се разболите

Најпопуларно


To Top