Дали знаете каде се наоѓа најголемиот паркинг за велосипеди на светот?

Најголемиот паркинг за велосипеди, кој има капацитет да собере 12.500 велосипеди, е отворен под железничка станица во еден европски град.

Холандија е земја со население од 17 милиони лица и дури 23 милиони велосипеди. Во просек, секое лице во оваа земја секој ден на велосипед минува по 18 минути. Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во Холандија, а можеби и во светот.

Првиот дел од проектот е реализиран пред две години, кога беше отворен дел за 7.500 велосипеди, а потоа беше отворен вториот и сега третиот дел.

Станува збор за паркинг на три ката кој работи 24 часа дневно и е организиран во вид на метални носачи на кат, на кои можете да го ставите велосипедот и да го заклучите.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.