Забава

Дали знаевте дека постои валута која важи само во еден град?

Бристол веќе долго време е лидер кога станува збор за алтернативни движења. Тој е познат по хипиците, градските фарми, ангажираниот уличен уметник Банкси … А познат е и по проектот што започна уште пред седум години: Бристол има свои пари – бристолска фунта.

Британскиот град Бристол ја имаше својата валута со години. Причината е да им се покаже на луѓето што прават парите: во овој случај е еколошка идеја да се купуваат само локални производи.

Дали се тоа пари? Она што е дефинирано како универзално прифатено средство за наплата на побарувања, со што може да се купи стоката, да се вратат долговите. Она што може да се заштеди. Бристолската фунта во голема мерка е прифатена во Бристол – а граѓаните очигледно не се заинтересирани за тоа што со неа не се тргува на берзата во Хонг Конг или Буенос Аирес. Одредени економисти со потсмев коментираат дека со овие пари не може да се тргува ни во Лондон, па какви се тоа „пари“?

Но, дури и таков економист нема да се исмејува ако малку размисли. Парите не знаат географија, како што заедничката валута на земјите од еврозоната не знае за државни граници. Основата за користење пари е – договор.

Добро и за економијата и за животната средина

„Ако размислувате економски, тогаш тоа значи дека парите остануваат во оваа област и кружат само во еден град“, ни вели еден трговец: „Затоа има смисла за мене и тоа е стимулативно за локалната економија“. Со бристолската фунта се плаќаат само производи направени во Бристол, во непосредна близина на вашата кујна.

Прочитајте и...  За да добијат диплома, студентите на Филипини мора да засадат 10 дрвца

Затоа, не е ни чудо што идејата со локалната валута се роди во градот кој отсекогаш бил засолниште за алтернативци. На пример, градската фарма Вербург потекнува од раните 70-ти години како засолниште за тогашните „деца на цвеќето“ кои таму одгледувале органски производи. Таа редовно ги снабдува локалните претприемачи. Бристолската фунта беше логично изведена од тој систем, објаснува портпаролката на фармата Вербург, Сара Флинт: Секој знае: ги имам овие пари сега и ќе ги потрошам на локални производи. Важно е да се има предвид овој локален концепт.

Се разбира, исто така е точно дека целиот систем е оддалечен само половина чекор од обична трампа, односно стокова размена. Нешто слично веќе постои во различни алтернативни комуни што сакаат да имаат и трошат само онолку колку што треба. Секако дека има работи што ни требаат и доаѓаат од далеку, како што е бензинот или маслото. Но, на овој начин се поттикнува размислување за она што навистина ни треба од далечниот свет, а тоа, пак, ја поттикнува заштитата на животната средина.

Трговските синџири тука доаѓаат до своите граници

Прочитајте и...  Исфрлете ги од вашиот дом што поскоро: Работи за кои сигурно не сте знаеле дека имаат рок на траење!

Сијаран Манди е една од креаторките на бристолската фунта. Таа вели дека оваа валута ја користи мрежа од околу 2.000 претприемачи и бизниси. „За снабдувањето со храна и други производи да остане во една област и да се избегне потрошувачката на енергија за превоз од целиот свет, мора да се интервенира во самиот систем и во различни сектори на економијата. Тоа беше една од причините за појава на бристолската фунта, вели Манди.

Валутата беше креирана по негодувањата до кои дојде кога Теско, најголемиот трговски синџир во Велика Британија, одлучи да отвори филијала во населбата Струкс крофт, позната по својата алтернативна сцена. Идејата е речиси генијално едноставна, бидејќи трговските синџири секогаш победуваат затоа што нудат производи по поевтина цена од помалите продавници.

И таквите синџири ја открија убавината на „локалните“ и „регионалните“ производи, кои обично ги продаваат поскапо од „обичните“. Но, и за таква продажба им е потребна соработка со големите плантажи. Тоа се гледа на примерот на доматите. Сам земјоделец собира околу 200-300 килограми. Во кооператива може и неколку тони. НО, концерните со повеќе стотина продавници бараат партнери кои можат да им обезбедат неколку десетици, можеби и стотици тони домати годишно.

Ова значи дека локалните земјоделци не можат да им послужат како силни партнери. Но, затоа можат да ги продаваат своите производи во непосредна близина – за бристолски фунти.

Прочитајте и...  Баба Јока се мажела 17 пати : “Првиот маж ме сакаше, ама неговите му збореа дека сум грда, па си отидов”

Локално, но и со „обична“ фунта

Во Бристол, многу мали трговци ја користат локалната фунта. Оние кои тоа не го прават, наведуваат различни причини, како што е Карлота, кој вели: „Размислував за тоа, но животот продолжува и никако да почнам. Нејзината пријателка Фатима смета дека парите сè уште не се доволно раширени и „треба да размислите за тоа каде да ги добиете“.

Но, покрај трговците и занаетчиите, градските службеници во Бристол можат да изберат валута во која сакаат да им биде исплатена платата: британска или бристолска фунта. Поранешниот градоначалник на Бристол, Џорџ Фергусон одлучи демонстративно да прима плата во градски пари и тоа го стори во текот на неговиот мандат од 2012 до 2016 година.

Тоа е сепак повеќе од трампа

Бристолската фунта, сепак, не е само локално платежно средство што може да се спореди со маркички или ваучери, или обична размена на услуги. Таа е нешто друго. Не само што има еколошка идеја, туку претставува и поддршка на локалната економија, заобиколувајќи ги регулативите што служат за попречување на таквата поддршка.

Затоа американскиот активист Роберт Свон напиша во својот есеј „Улогата на локалните пари во регионалниот економски развој“ уште во средината на 1980-тите дека со „емисијата на сопствени пари дава голем поттик за локална независност, поголема безбедност и поодржлива економија“.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top