Галерија

„Дарежливо дрво“ – Американка ги подарува рачно изработените заштитни маски на луѓе коишто имаат потреба од нив

Наместо да дава бесплатни јаболка, ова дарежливо дрво во Ајова нуди бесплатни рачно изработени заштитни маски за оние кои живеат во близина.

55-годишната Деб Сигинс најпрво започна со шиење маски за здравствените работници во локалната болница. Првично, Сигинс сакала да донира 100 од нејзините маски на здравствените работници, но потоа и нејзините роднини и пријатели побарале да сошие и за нив.

Оттогаш, Сигинс има направено повеќе од 400 маски, а за сите нив плаќа со свои пари.

Знаејќи дека не може лично да им ги дава маските на своите соседи, таа одлучила да ги обеси на едно локално дрво, па така минувачите сами ќе можат да земаат од маските.

Откако Сигинс објави за нејзиното дарежливо дрво на Фејсбук, тоа стана хит во нејзината заедница.

Иако на дрвото собира околу 30 маски кои за многу брзо време ги снемува, Сигинс вели дека постојано шие нови и користи различни материјали за да биде уште поинтересно. Таа прави и специјални маски за пожарникарите, болничарите и вработените во продавници.

Прочитајте и...  Славни личности кои не би поверувале дека се родени во иста година (ФОТО)

Не заборавајте да ја споделите оваа инспиративна приказна со вашите пријатели!

Најпопуларно

To Top