Занимливости

Децата се огледало на родителите

baby main 0

Родителите се првите и можеби најдобрите примери за своите деца. Тие уште од најрана возраст најдобро учат и ги огледуваат работите преку пример. Затоа, навистина е важно максимално да се потрудите да бидете што е можно подобар пример за вашето дете.

Кога НЕ давате добар пример со однесувањето?

Користење на лоши зборови

prc 66962783

Веќе си дадовте ветување дека нема да користите вулгарни зборови и изрази пред децата и ќе се однесувате пристојно?! Иако се обидувате да го одржите ова ветување, по сe изгледа дека ова важи само додека некој не ве извади од колосек. Обрнете внимание на реакцијата во афектна состојба и на зборовите кои излегуваат од вашата уста во тие моменти. За децата често се вели дека се како сунѓери кои ги впиваат сите работи што ги слушаат во домот. Затоа немојте да се изненадите ако го забележите вашето дете како ги користи комплетно истите зборови и фрази кои вие ги употребувате. Заменете го пцуењето со фини зборови. Знајте дека секогаш е полесно да се коригирате вие отколку вашето дете.

Прочитајте и...  Зошто имињата на родителите на Богородица ги нема во Библијата?

Моќта на „магичните зборови“

o PARENTS AND KIDS facebook
Young mother help her son with drawing

Користењето на зборовите: „те молам”, „благодарам” и „извини” се од фундаментално значење за правилен развој на едно дете. Секојпат кога треба нешто да побарате од вашето дете или пак кога тоа ќе заврши некоја задача, вие како родител треба да ги употребите и да го наградите со пофални зборови. Доколку само издавате наредби и не се фокусирате кон начинот на кој тоа влијае врз вашето дете, не можете да очекувате дека тоа само од себе би знаело како на правилен и културен начин да се изрази или пак да го побара тоа што го сака или му треба.

Фрлање отпадоци

500 F 174551731 OsjLXAx4JZSKMtqPmRLRKfIk3IDqKhgY

Дури и фрлањето на мали отпадоци како мастика, отпушок од
цигара или хартија е забележлива навика која вашето дете ќе ја прифати и ќе ја применува, иако можеби вие сметате дека од околу не ве гледа никој. Затоа, следниот пат кога нема да имате корпа за отпадоци во ваша близина, сите непотребни работи кои ги имате, складирајте ги во кеса и ставете ги во вашата чанта или торба. Тоа е мал труд, чиј резултат би бил видлив доколку промената дојде од самите себе. Детето неизбежно ќе го практикува она што го гледа и ќе создава навики онакви, какви што вие ќе му покажете дека се правилни.

Прочитајте и...  Анџелина Џоли е холивудска личност со златно срце - 10 докази за нејзината добрина

Викање

Is Yelling Ever Ok 1 730x390

Ненаспани сте или пак уморни, а децата трчаат низ домот. Наместо да пристапите со љубов и внимание и да прашате што не е во ред, сe што успевате да направите е да извикате едно хистерично „Смирете се!”, што го дава токму спротивниот ефект, бидејќи од вашата нервоза децата се револтираат уште повеќе. Викањето нема да ви помогне ниту вам, ниту пак на вашето дете. Многу е веројатно дека вие ќе имате грижа на совест, а децата ќе научат да комуницираат следејќи го вашиот пример на однесување. Најпрво проверете дали децата се гладни, дали им се спие, дали им треба пресоблекување или можеби нешто ги боли. Доколку не се работи за ништо од тоа, најверојатно им е само досадно. Дури и во тој случај, не дозволувајте да преовладува нервозата. Смирено објаснете дека не сте расположени за игри и предложете им друга активност како читање , гледање телевизија или сл…

Со детето треба да се работи од самото негово раѓање. Навиките кои вие ги применувате се од фундаментално значење за формирање на карактерот на детето. Точно е дека ниту еден родител не му посакува лошо на своето дете, но најчесто децата се премногу заштитени тргнувајќи и од најдобрите намери на родителите. Повеќето родители не се ни свесни за тоа. Иако ова е најглавната улога која вие ќе ја имате во текот на животот и понекогаш таа ви изгледа речиси невозможна, запомнете дека сите родители за прв пат се соочуваат со истата ситуација како и вие. Бидете трпеливи, внимателни, слушајте совети, а љубовта нека ви е првиот патоказ кон воспитувањето и градењето на личноста на вашето дете.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top