Македонија

Деценија од најголемата бродска несреќа кај нас

Точно десет години се навршуваат денеска од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

На поменот пред паметникот на Кејот на езерото поставен во знак на сеќавање на настраданите најавено е присуство на делегации на Општина Охрид, на бугарските дипломатски и културни претставништва во земјата, на Капетанијата на пристаништа, на Здружението на граѓани „5 септември“ и на граѓани.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Осум од жртвите беа жители на Општина Антон, четворица од Општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Прочитајте и...  Не кревајте на овие телефонски броеви се работи за xaкepcки нaпaд: Илјадници граѓани од утринава добиле повици
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top