Случувања

Дедо по грешка им подарил торта со марихуана на медицински сестри

Повозрасен човек од гратчето Ворингтон во Англија, им се заблагодарил на медицинските сестри во локалната болница, така што им однел торта со марихуана.

torta

Британецот, сепак, не бил свесен дека внатре има опијат. Се работело за дел од тортата од 18. роденден на неговиот внук, со која старецот сакал да ги почести болничарите.

Вработените, за среќа, навреме забележале дека тортата мириса „необично”, па повикале полиција и така марихуаната била откриена.

Болницата во официјалното соопштение наведува дека пациентот што го донел подарокот, не знаел оти во тортата има марихуана, и дека само еден болничар изел мало парче, што сепак, немало штетни последици.

Полицијата ги потврди овие наводи, додавајќи дека „тортата е уништена”, а случајот затворен.

Прочитајте и...  Тамара Тодевска со песната „Proud“ вечер ќе настапи на Евровизија
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top