Дел од спомениците во Скопје добија нови табли, „Воин на коњ“се преименува во „Александар Велики“

Нови ознаки со појаснување на  македонски, албански и англиски јазик добија неколку споменици во централното градско подрачје на Скопје.

uploads thumbs resize 800x420 385808

 Паралелно, согласно Преспанскиот договор, се отстранува и Сонцето од Вергина од симболите на јавните институции и на јавните простори објекти и површини.

Така, споменикот познат како „Воин на коњ“ доби табла дека припаѓа на хеленската историја.

Поставена е и ознака на споменикот на Олимпија. Во него пишува: „Во чест на Олимпија, историска фугура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно историско наследство“.Се појаснува дека станува збор за историски ликови од античката хеленска историја. 

Во главниот град почна и бришењето на симболот на поранешното знаме – Сонцето од Кутлеш – отстрането е и од шахтите на плоштад „Македонија“.

Поставувањето на ознаките следува по владината препорака до единиците на локалната самоуправа, државните и јавните институции, да ги почитуваат обврските од Конечната спогодба на Советот за безбедност на ОН и резолуциите  за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

Од Владата велат за Канал 5 дека обврските од преспанскиот договор се имплементираат согласно договорот и предвидената динамика.

– Преспанскиот договор создава обврски за државите и јавните институции на двете страни. Тие се задолжени за неговата имплементација. Договорот не создава обврски за приватни лица и приватни ентитети, но државата и јавните институции ги охрабруваат и поттикнуваат приватните лица и приватните ентитети доследно да го почитуваат и применуваат договорот во пракса.

Таблите во Скопје ги има поставено Градот, бидејќи се под нивна надлежност, појаснуваат од Владата. Нивното поставување се одвива под постојан видео надзор и редарска служба.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.