Демолиран покривот на ГТЦ, сторителот снимен од камерите

Засега неидентификувано лице синоќа го демолирало зелениот покрив на ГТЦ. Ги искршил цевките, инсталациите за фонтаните и останатите материјали кои досега беа поставени на покривот на ГТЦ за претворање во зелена градина.

Видеото го објави градоначалникот на Скопје на социјалната мрежа Фејсбук.

Демолирањето е пријавено и во МВР, велат од Град Скопје.

„Нема да застанеме заради вакви луѓе. Скопје ќе го биде сакал некој или не“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Gepostet von Петре Шилегов am Freitag, 30. August 2019

Gepostet von Петре Шилегов am Freitag, 30. August 2019
Прочитајте и...  Трагична смрт на македонската актерка и режисерка Милиана Ленак
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде