Денес е светски ден на интернетот: Првата електронска порака е испратена во 1969-та година

mza1nda1oq

Денес се одбележува Светскиот ден на интернетот – на 29-ти октомври 1969-та година е испратена првата електронска порака од Универзитетот во Калифорнија, САД.

На денешен ден пред 50 години во 22:30 часот во лабораторијата на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес беше испратена првата електронска порака од еден до друг компјутер.

Професорот по информатика Лионард Клајнрок го надгледувал апсолвентот Чарли Клајн кој испратил порака преку компјутерската мрежа до програмерот Бил Дувал.

Иако пораката е „скромна“, сепак е многу значајна. Клајн ги напишал буквите „Л“ и „О“, а Дувал ја примил пораката пред системот да се сруши.

„Сакавме да ја испратиме едноставната порака „логин“ на Стенфорд истражувачкиот институт“, изјави Клајнрок, а пораката била испратена во целост после еден час.

Со тој чин всушност беше зачнат ARPANET (Research Projects Agency Network) и мрежата од која подоцна ќе се „роди“ интернетот без кој денес милијарди луѓе не можат да си го замислат своето секојдневие.

Прочитајте и...  Нов изглед на Facebook и Instagram наскоро - погледнете како ќе изгледааат

И покрај фактот што првото испраќање на порака пропаднало поради паѓањето на системот, во 2005-та година било утврдено денот во кој била испратена првата електронска порака да се одбележува како Меѓународен ден на интернетот.

Инаку, интернетот го прославува роденденот на 30-ти април затоа што на тој ден во 1993-та година CERN објави дека е направен првиот World Wide Web (www), бесплатна и достапна технологија.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде