Живот

Денеска е Преподобен маченик Агапиј

Свети Агапиј беше виден граѓанин на палестинскиот град Кесарија во времето кога во овој град христијаните ги гонеше некој си управник Урбан.

Овој постојано ги изнесуваше христијаните пред суд, ги мачеше и ги убиваше.

Згрозени од таквата глетка, неколку локални момчиња: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александовци и двајца Дионисиевци, самите си ги врзаа рацете и излегоа пред Урбан како христијани.

Свети Агапиј, поттикнат од верата на овие момчиња, и самиот застана со нив и заедно со нив беше погубен. Ова се случи во 303 година.

Прочитајте и...  Луху - мачето со најтажни очи во светот

Најпопуларно


To Top