Случувања

Денеска е Светскиот ден на планетата Земја

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

0418 earth hands 680

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Во светот денеска се одбележува Денот на планетата Земја – 22 aприл. По повод Денот на планетата Земја ОН со низа манифестации ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот.

Како што се посочува во пораката од свеската организација повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат.

Прочитајте и...  Индустријата за рак не бара лек; тие се премногу зафатени со правење пари

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

ddn earth

Секоја година овој ден се одбележува под различен слоган, па така минатата година слоганот беше „End Plastic Pollution“, а оваа година гласи „Protect our Species“.

Делувањето на човекот на природната рамнотежа ги загрозува сите видови, а многу видови исчезнуваат и покрај напорите на одредени организации да ги зачуваат. Сето тоа се случува заради големото и не контролирано искористување на природните ресурси.

Моментално светот се соочува со најмногу изумирања на видови уште од времето кога од планетата Земја исчезнале диносаурсите, а тоа било пред повеќе од 60 милиони години.
Бројот на птиците, инсектите и приматите секојдневно се намалува, а на многу видови им се заканува изумирање.  Состојбата не е подобра ни кога се работи за морските видови.


Најпопуларно


To Top