Македонија

Денеска се одбележува 1. мај – меѓународниот Ден на трудот

1 maj

Денеска низ Светот се одбележува 1. мај, познат како меѓународниот Ден на трудот. Историјата на овој празник потекнува од 1886 година кога стотина илјади американски работници излегоа низ улиците на Чикаго за да побараат општо прифаќање на осумчасовното работно време.

Насилства не се случиле на 1 и 2 мај, но затоа на 3 мај се случила тепачка меѓу стотици работници во „Мек Кормик Рипер“ членови на синдикатот, и оние кои не припаѓале на синдикатот односно оние кои Мек Кормик ги вработил наместо нив. Се вмешала полицијата, а убиени биле 4 членови на синдикатот.

Бесни поради овие случувања, група на анархисти предводени од Август Спејс и Алберт Парсон повикале на самовоорожување и на масовни протести на 4. мај. Биле само 3.000 и се чинело дека протестот бил „фијаско“. Пред крајот на протестот едно лице фрлило бомба и притоа убило 7, а ранило повеќе од 60 полицајци.

Државните власти ги прогласиле Спејс и Парсон за виновни и ги погубиле на 11 ноември 1887 година, иако никогаш не било утврдено кој ја фрлил бомбата. 250.000 луѓе биле присутни на нивниот погреб за да го изразат својот срам за осудата на двајцата и да изразат незадоволство поради неправедното погубување.

Прочитајте и...  Кијану Ривс на социјалните мрежи сподели една многу важна животна лекција

На првиот конгрес на 2. Интернационала (работничка химна) е одлучено: „Први мај е заеднички празник на сите земји на кои работничката класа треба да го манифестира единството во своите барања и својата класна солидарност“.

Први мај ќе се одбележи денеска и во Скопје со марш. Маршот ќе почне во 11 часот од пред зградата на ССМ по што ќе продолжи пред Собранието, а ќе заврши пред Владата каде ќе биде прочитан првомајски манифест, со кој ќе се побара брзо решавање на сите нерешени работи од Законот за работни односи и Општиот колективен договор. Оваа година се одржува под мотото „Не може да се одлучува за нас, без нас”.

Најпопуларно


To Top