Македонија

Денеска се празнува Св. Никола: Што не треба да правите на овој ден?

Свети Никола е празник кој како своја слава го празнуваат најмногу семејства, во однос на сите други христијански празници. 

Според календарот на МПЦ, денеска во Христијанството се слави големиот празник Св. Никола Чудотворец архиепископ Мирликијски.

Свети Никола е празник кој како своја слава го празнуваат најмногу семејства, во однос на сите други христијански празници.

На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, пере и слични секојдневни обврски.

Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола.

Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си заминат.

Прочитајте и...  Анестезиолог, гинеколог и медицинска сестра од битолската болница „Плодност“ се заразени со Ковид-19, директорот бара масовно тестирање

Најпопуларно


To Top