Десет часа се гаснеше пожарот кај езерото Младост, од есен пошумување на опожареното

Триста лица биле вклучени во вчерашното локализирање на големиот пожар близу Велес. Пожарникари од Велес, Скопје, Штип, Свети Николе, Неготино, Кавадарци, Прилеп и Гевгелија, десет часови се бореа со огнената стихија. Нив им помогнаа и припадници на Армијата, вработени во ЈП Македонски шуми, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈКП Дервен, велешките ловџии и доброволци.

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски денеска на пресконференција им се заблагодари на сите кои помагаа.

„Упатувам јавна благодарност до сите институции, установи и поединци кои несебично се вклучија во справување со огнената стихија што вчера кобно се распосла над Велес“, рече Коцевски и апелираше до граѓаните да не навлегуваат во опожарените подрачја, бидејќи температурата на почвата е многу висока.

Тој најави дека поради зафати на далноводот на ЕВН на местото викано Бела Вода на Езеро Младост, се воведува 24-часовна забрана за движење на пешаци на пешачката патека околу Езерото, во период од 28 август до 3 септември. При гаснењето на огнената стихија хеликоптерите исфрлиле 54 тони вода, а „ер трактор“ авионите 20 тони.

Прочитајте и...  Високо ниво на загаденост на почвата во Македонија, отрови 16 пати повеќе од дозволеното, зелката и целерот најтоксични

Дежурни екипи се распоредени на одредени пунктови, поради тоа што на има тлеење на жаришта и се работи на гаснење. Утрово, изгорената шума ја прелетуваа и исфрлаа вода воените хеликоптери.

Уште есенва ќе се започне со чистење на теренот и отстранување на изгорените стебла од пола век старата шума на црн бор. Сега нема да се сади црн бор, туку багрем кој сам се обновува по природен пат. Причината што нема да се сади црн бор, според стручните лица, е затоа што неговите шишарки се суви и кога ќе се запалат прска како бомбина сите страни и допринесуваат за лесно ширење на огнот.

„До крајот на годинава, најмногу што може да се сработи е отстранување на изгорени стебла, подготовка на почвата и засадување нови насади на површина до 50 хектари, а во рок од една до една и пол година цела површина на Езерото ќе биде обновена. За овие активности, масовно ќе ги поканиме граѓаните да се вклучат преку форми на акции за садење“, најави Коцевски.

Прочитајте и...  Амазон не гори, Амазон е запален!
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за