МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Животински свет

Дете му помогна на хендикепирано куче родено без предни нозе, му направи количка од Лего коцки

Грејси е кученце кое се родило без своите предни нозе. Таа веднаш била напуштена од нејзините сопственици, а по некое време завршила на ветеринар. Во меѓувреме испаднале дел од влакната и на него имало многу црви, но никогаш не ја изгубило желбата да живее. Полека, здравјето на Грејси се подобрувало, а нејзиниот живот целосно се сменил кога била вдомена во прекрасно семејство кое веднаш се заљубило во неа и покрај нејзината попреченост.

Грејси ја вдомило семејството Турни кои се сопственици на засолниште за животни. Тие претходно имале вдомено кученце со попреченост, па имале искуство како да се грижат за неа.

Грејси била премногу мала за инвалидска количка, па семејството морало да бара некое друго решение.

Тогаш 12 годишниот Дилан добил прекрасна идеја – да направи количка за Грејси од Лего коцки.

За кратко време и таа започна да трча исто како секое друго кутре на нејзина возраст!

Како растела, Дилан ги заменувал тркалата со нови, уште поголеми.

Оваа приказна докажува дека секое кученце може да живее среќен и исполнет живот со помош на сопственици што ќе ја сакаат и што ќе се грижат за него.

Најпопуларно

To Top
Close