Детска клиника: Заклучените деца во автомобил примени во свесна состојба, но исплашени

Универзитетска Клиника за детски болести денес соопшти дека двете деца кои вчера беа пронајдени заклучени во автомобил во Ново Лисиче, биле донесени во свесна состојба.

Децата, 7 годишно девојче и момче на возраст од четири години, биле донесени во 23 часот со возило на брза помош и во придружба на полиција.

-Во моментот на прием, на преглед оддавале впечаток на запуштени деца (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани, свесни со уредни витални параметри. Децата се хоспитализирани на одделот пулмологија Б за обсервација, направени рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во тек на престојот во стабилна состојба. Истите се испишуваат во добра здравствена состојба, информираат од детска клинија.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.