Случувања

Девојче од Египет почина од стариот обичај на обрежување гениталии: Уапсени родителите и докторот

Законот, кој е усвоен во 2008 година во Египет, забранува осакатување или обрежување на гениталиите кај жените.

12-годишно девојче од Египет починало откако нејзините родители ја однеле кај лекар кој извршил обрежување на гениталиите врз неа. Родителите на девојчето и докторот што ја спровел постапката се уапсени.

Смртта на девојчето била повод египетскиот јавен обвинител да нареди апсење на нејзините родители и лекарот што ја спровел постапката, обичај познат како женско обрежување, соопштија од кабинетот на обвинителството.

Законот, донесен во 2008 година во Египет, забранува осакатување на гениталиите на жените.

Тој наиде на голем отпор од конзервативните пратеници. Сепак, истражувањето спроведено од египетската влада во 2015 година покажа дека 87 проценти од жените на возраст меѓу 15 и 49 години биле обрежани.

Во 2016 година, египетскиот парламент усвои измени на законот, со кои обрежувањето на жените од прекршочно дело стана кривично казниво со сурови пресуди и казни.

Прочитајте и...  За еден ден заработил 5 милијарди долари, еве како

Сепак, активистите за правата на жените веруваат дека сè уште има дупки во законот. Според Реда Ел Данбуки, адвокат за човекови права, Кривичниот законик казнува само обрежување на женските гениталии кога нема медицинско оправдување.

Од средината на 90-тите години, Египет се соочува со ширење на бројот на жени чии гениталии се обрежани, ова е со векови стар обичај за кој погрешно се верувало дека ја контролира женската сексуалност.

Случаите во кои девојчиња крварат до смрт, како резултат на овој незаконски акт, во последните години беа тема на многу медиумите во Египет.

Најпопуларно

To Top