Девојка од Тетово креирала лажни профили на Инстаграм и Снепчет и злоупотребувала лични податоци

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А. (20) од с.Гургурница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во текот на јуни 2016 пријавената, на социјалната мрежа „Instagram“ и апликацијата „Snapchat“, креирала лажни профили со лични податоци на име В.К. (31) од Тетово и на нив објавувала фотографии од В.К. со компромитирачка содржина.

Прочитајте и...  „Плати со поезија“ во четврток на осум локации во Скопје
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за