in ,

Џеј Ло се мажи по четврт пат

Парот неодамна ја прославил 2-годишнината од врската.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и нејзиното момче Алекс Родригез се свршиле. Неколку недели откако ја прославиле втората годишнина од врската, парот вчера објавил дека се свршил. Нејзиниот свршеник на Инстаграм објавил фотографија од огромниот дијамант како свети на нејзината рака. 

“Кажа да”, напишал поранешниот играч на Њујорк Јенкис, Еј Род.

https://www.instagram.com/p/Buzz2J8ADNB/?utm_source=ig_embed

И Џенифер ја објавила истата фотографија на својот профил. Дали свршувачката била на плажа на зајдисонце не знаеме, но според фотографијата атмосферата била таква. Парот моментално е на одмор во Бејкерс Беј на Бахамите.

Портпаролот на пејачката, Бени Медина, ги потврдил убавите вести.

https://www.instagram.com/p/BuxK8jpAK8-/?utm_source=ig_embed

“Тие се на одмор и се свршиле”, рекол тој.

Златарите процениле дека прстенот вреди околу еден и пол милиони долари и дека има околу 20 карати.

Џенифер претходно била омажена за Оџани Ноа, Крис Џад и Марк Ентони, со кој ги има близнаците Макс и Ема. Родригез еднаш бил во брак, и од тој брак има две ќерки.

Прочитајте и...  Почина славниот полски композитор Кшиштоф Пендерецки

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote