Забава

Џерет Небула- вонземјанин без определен пол

Во обид да го пронајде својот идентитет, Џерет Небула првично преминал од женски пол во машки – но тоа не било доволно.
Џерет се идентификува како полово неутрален вонземјанин.
jareth nebula bathroom
Instagram: Jareth_Nebula

Небула транзитирал од женски во машки пол, кога имал 29 години. Не сакајќи јавно да го објави своето родено име, новиот правен прекар на сега 33-годишникот бил инспириран од ликот на Дејвид Боуви, Џерет Коб Гоблин, од култниот класичен фантастичен филм “Лавиринт” од 1986 година на Џим Хенсон.
А-полов значи дека Џарет има неутрален пол, што значи дека со помош на пластични операции ги отстранил своите брадавици, и со помош на многу пирсинзи, тетоважи и користејќи ексцентрична шминка тој се претвора во вонземјанин.

66626666 2806175206075832 121428947480084480 n
Instagram: Jareth_Nebula

“Јас не размислувам и не чувствувам како луѓето”, вели Небула. “Не можам навистина да го објаснам тоа на другите – јас едноставно чувствувам дека не припаѓам на овој свет. Јас не се чувствував удобно како машко, женско, па дури и нешто помеѓу тие два пола. Знам дека сум заглавен во човечка форма и така им изгледам на другите- но за мене, јас сум вонземјанин без пол. “

Прочитајте и...  Топ 6 бесплатни апликации за видеоконференции

“Моето семејство сѐ уште ме гледа како транс маж, бидејќи тие не разбираат што да се биде полово неутрален вонземјанин навистина значи”, вели Џарет. “Имам онлајн пријатели кои ме поддржуваат, но офлајн е потешко. Не сите разбираат – но тоа е во ред. Не очекувам од нив да ме разберат, јас само сакам да бидам прифатен. “
За жал, Џерет тврди дека тој е често напаѓан онлајн и офлајн.

67360769 458972701350465 5168776210527813632 n
Instagram: Jareth_Nebula

Џерет Небула навистина мисли дека е дел од нешто вонземјанско, и сака светот да дознае за него и да го прифати. Освен тоа Џерет се гледа себеси како некој кој може да ги едуцира младите за различностите кои постојат во светот.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top