Џон Бон Џови отвори ресторан во кој никој не мора да плати

Џон Бон Џови е познат за многу нешта – тој е еден од највлијателните рок музичари, се појавил во неколку серии, неколку пати е избран за најатрактивниот артист и е политички активист. Но, многу ретко се обрнува внимание на неговата добротворна работа.

5c45b35a1146c

Soul Kitchen e непрофитна организација која ја води фондацијата на Бон Џови. Овде оброците немаат цена а плаќа оној што сака.

Оние кои сакаат можат да донираат и 20 долари, а оние кои немаат пари можат да јадат во ресторанот, а подоцна да волонтираат во кујната.

51% од оброците биле платени со донации, а останатите биле покриени со волонтерската работа на луѓето без пари. Поради ова, мотото на ресторанот е „Сите се добредојдени на нашата маса.“

Интересно е што овде не можете да резервирате маса. Гостите се сместуваат на заедничка маса каде што можат да јадат и со странци. Оние кои имаат најмногу потреба за храна се седнуваат први.

Ресторанот има мени од 3 оброци инспирирани од американска кујна, а менито се менува на секои 10 денови.

Постојат и вегетаријански и безглутенски оброци, а сите се приготвени со хранливи и органски состојки од градината на ресторанот.

Покрај рестораните, фондацијата има изградено и домови во Филаделфија за бездомниците, како и центар кој им помага на мајките тинејџерки и нивните деца.

Фондацијата е создадена од рок ѕвездата и неговата сопруга, а нивната мисија е јасна: Да се прекине циклусот на глад, сиромаштија и бездомништво со развивање на партнерства, создавање програми и давање грантови за да се поддржат иновативните организации.

Извор: crnobelo.com

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.